Mercedes-Benz објави дека се направени одредени модификации кај компактните модели GLA, CLA и B-класа.
Според информациите од штутгартскиот гигант, по желба на клиентите, сите автомобили можат да се опремат со адаптивна суспензија со четири режими на работа – Comfort, Sport, Eco и Individual. Покрај тоа инфозабавниот систем со Apple CarPlay и MirrorLink ќе може да се нарача од почетокот на следната година.
Кај B-класа во понудата ќе има и има два нови моторот. Тоа се основниот 1.6 литарскиот бензински со 102 КЅ, како и дизел верзијата со зафатнина од 1.5 литри и моќност од 110 КЅ. CLA Shooting Brake добива неколку нови модификации – CLA 180 d, CLA 200 d 4MATIC и CLA 220 d 4MATIC. Што се однесува до GLA, верзијата 220d добива зголемување на моќноста за 7 КЅ.