Новата генерација на Audi Q3 ќе се појави на пазарот во 2018 година, а главната задача на дизајнерите е да го направат попривлечено за машката публика. Ова го соопшти германското издание Focus и открива детали за моделот.
За оваа цел кросоверот ќе добие поагресивен дизајн и ќе порасне во сите насоки. Се очекува должината на автомобилот да достигне 4,5 метри, а волуменот на багажникот да се зголеми до 400, наместо сегашните 365 литри. Внатрешноста на Q3 целосно ќе биде на адекватен начин „пресликана“ од новото Audi A4. Основната верзија на SUV моделот ќе добие 1,4-литарски бензински мотор TSI, кој развива моќност од 150 КЅ, Во палетата мотори ќе влезат уште бензински агрегати со зафатнина од 2,0 литри, нудејќи 190 и 230 КЅ, како и дизел, со моќ од 120 до 190 КЅ. Трансмисија ќе биде преку 7-степен роботизиран менувач со две спојки или 6-брзински мануелен.
Топ верзиите на кросоверот – SQ3 и RS Q3, ќе бидат опремени со бензински мотори, со 280 и 400 КЅ. Помоќниот од нив ќе забрзува од 0 до 100 km/h за 4,2 секунди и ќе развива максимална брзина од 270 km/h. Освен тоа, во Audi подготвуваат и хибриден варијанта на идниот модел, но детали за него сеуште нема.