За опасностите од сонцето и нанесувањето на заштитни креми постојано се зборува, но некои се упорни и мислат дека се имуни на штетните зраци.
Дерматологот Венди Робертс за „Huffington Post“ дала пет причини зошто би требало сите да користиме крема за сончање и да не се изложуваме на ризик од рак на кожа.
1. Слојот на озонот е оштетен – сончевите зраци се сѐ посилни и нашето тело треба да се заштити од нив
2. Ракот на кожа е сѐ почеста појава поради неадекватната заштита од сонце, а докажано е дека кремите за сончање помагаат
3. Кремата за сончање спречува појава на дамки на кожата кои може да настанат поради изложување на сонце без заштита
4. Исто така помага во намалување на појавата на ситни пеги на лицето
5. И за крај, кремата за сончање ја штити кожата од стареење. Само направете споредба меѓу луѓето во постари години кои низ животот внимавале на својата кожа и оние кои мислеле дека кремата за сончање е непотребна па сѐ ќе ви биде јасно