Од месецов, посетителите на кинеските кина ќе мораат да гледаат комунистички пропагандни видеа пред секоја проекција на филм. Наредбата доаѓа директно од кинеската Државна администрација за печат, публикација, радио, телевизија и филм (SAPPRFT).
Кината во Кина ќе мораат да прикажат барем еден од постоечките четири пропагандни видеа. Се работи за три-минутни видеа во кои на гледачите им се пренесуваат основните идеи на комунистичката партија, идеалите на социјализмот и „кинескиот сон“ на претседателот Кси Џинпинг.
Емоцијата кај публиката ќе се наметнува со дополнителна помош од оркестрална музичка подлога, а во подмачкувањето на патот на пропагандните пораки до умовите на публиката учествуваат и еден куп кинески филмски ѕвезди. Меѓу нив и Џеки Чен.