На кинеските друштвени мрежи деновиве се споделува плакат кој ги повикува кинеските туристи да ја посетат Србија. Плакатот станува мегапопуларен и во Србија, бидејќи во преден план, наместо убавините на земјата, доминантно стои портрет на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Се работи за плакат на кинеска туристичка агенција, која организира патувања во Европа. „Туристичкото биро ве води во Србија“, пишува на истиот.
Во рамки на истата кампања, постои плакат и на кој наместо Вучиќ, во преден план стои портретот на Марија Лабовиќ – директорка на Туристичките организации на Србија. Во изјава за „NOVA.rs“, таа ја потврдува легитимноста на кампањата.
„Тоа е кампања на туристичкиот портал Fliggy во рамките на Alibaba, со кои и порано сме соработувале. Не се платени огласи. Проценивме дека кога ќе помине кpизата со коpoнавирусот, кинеските туристи ќе бидат заинтересирани да патуваат во Србија и ние сме прва земја од четири или пет кои ќе бидат претставени со оваа кампањата“, вели таа.
Според неа, фотографијата на Вучиќ се наоѓа на плакатот по желба на кинескиот туристички портал и тоа поради големата популарност на српскиот претседател во Кина:
„Замолија претседателот на Србија да се обрати со изјава или вака преку визуелно средство, бидејќи тој во Кина ужива голема популарност. И тој даде coгласност“, вели Лабовиќ.