Најпопуларниот алкохолен пијалок на светот не служи само за „налевање“. Овој благотворен пијалок има низа лековити и практични примени. Еве неколку предлози како практично да го употребите.
Најпопуларниот алкохолен пијалок на светот не служи само за „налевање“.Овој благотворен пијалок има низа лековити и практични примени. Еве неколку предлози како практично да го употребите.
Ова сигурно спаѓа меѓу омилените алтернативни употреби на пивото на вистинските пивопии. Имено, пивото има и некои благотворни својства. Кога не се пие во големи количини пивото може да го смири надразнетиот желудник. Ако полека си го дегустирате пивото тоа може да му помогне на вашиот желудник да се смири, а алкохолот како своевиден анестетик помага при смирување на болка. Но тоа не е се, како што на многумина им е познато, пивото е и одличен лек против мамурлук (ако претходно не сте пиеле вино), но сепак треба да бидете претпазливи – ако имате гастритис или чир на желудникот не пробувајте го овој рецепт.
Пивото е одлично и за чистење по дома. Оставете една лименка да изветрее, а потоа натопете ја крпата за полирање. Добро истријте ги дрвените предмети во вашиот дом и на крај поминете со сува крпа. Ќе се изненадите од разликата.
Пивото е одлично за вашата кожа, но не мора затоа да го пиете. Следниот пат пред да влезете во када во водата додадете едно шише темно пиво. Ова е добра алтернатива на кристалите сол, но нема причина зошто не би ги комбинирале и двете за себеси да си дозволите една богата купка. Само внимавајте после тоа добро да се исплакнете зошто во лето пивото може да биде привлечно за инсектите, посебно за комарците.
Шампонот од пиво е мелем за косата, одлична алтернатива е на готовите шампони и плус е природен производ. За да го направите измешајте една лименка пиво со едно живо јајце и оваа смеса користете ја како нормален шампон. Во минатото луѓето навистина користеле живи јајца наместо шампон – освен што тие ја чистат косата наводно прават и пења. Но запамтете дека овој шампон е само за една употреба и треба да се користи свежо приготвен. Всушност, тоа е третман кој е доволно да се примени еднаш месечно. Пивото може да се користи и како регенератор – измијте ја косата со него, оставете ја да се исуши и потоа исплакнете.
Јачменот, хмељот и другите екстракти во пивото не се добри само за вас, туку и за вашата градина т.е. растенија во саксија. Ако случајно ви останат еден куп недопиени пива, можете со нив да ги „почестите“ вашите билки.