Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што ѝ е потребно за војната во Украина

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата војна во Украина.

Во интервју за телевизијата АРД, на прашање дали го споделува стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да нападне територија на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината.

„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.

Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронтот, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено цело НАТО.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да ја водиме војната што ќе ни се наметне. Затоа сега не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.

- Реклама -