Како што веќе е вообичаено, Pirelli за сите љубители на автомобилизмот и убавината го објави својот традиционален календар овој пат за 2015-та година.
Како што истакнуваат претставниците на Pirelli, новото издание е можеби најдоброто досега. Дванаесет месеци – дванаесет убавици, помалку или повеќе голи, но несомнено атрактивни и предизвикувачки.
За добро познатата Андријана Лима на календарот е обезбеден месец јануари.
Мора да му се честита и на фотографот Стивен Мајсел кому му тргнало од рака она во што малкумина успеале. Во едно издание, во име на убавината, успеал да ги обедини спротивностите на женското тело – од оние со витки силуети до XXL модели како Кендис Хафин за која е резервиран месец април.
Погледнете го видеото…