Вие сте искусен возач, носите појас, ги проверувате ретровизорите и не пиете алкохол – значи дека сте направиле се што е потребно, така? Грешка.
Имено, едно американско истражување открива дека возењето во дехидрирана состојба може да биде еднакво опасно како и возењето под влијание на алкохол. Затоа е многу многу важно, особено во летните горештини кои допрва не очекуваат, да пиете доволна количина вода и течности пред да седнете зад воланот.
Испитаниците биле подложени на симулација на возење, а научниците мереле колку грешки ќе направат возачите во зависност од тоа колку вода испиле пред тестот.
Првиот ден, испитаниците пиеле чаша вода на секој час, а вкупно направиле 47 грешки. Следниот ден, на секој час пиеле само по една голтка вода, а вкупниот број на грешки пораснал повеќе од двојно – 101 грешка! Дел од грешките, меѓу другото, биле и недозволено престројување од лента во лента, преминување на белата линија, предоцно кочење и сл.
Како се возењето и пиењето на доволна количина на вода воопшто поврзани? Па накратко, човечкиот мозок не функционира оптимално кога организмот е дехидриран. Дехидрацијата негативно влијае на бистрината на умот (неопходна за брзи и важни одлуки), рефлексите и брзината на реакција, фокусот, концентрацијата, па дури и расположението. Кога на организмот му недостига вода, ни мускулите не работат доволно добро. Сето ова директно или индиректно ги зголемува вашите шанси за грешка. Затоа, пијте вода.