Пиете кафе на празен желудник? Еве што му правите на своето тело

Протеините кои остануваат неразградени во телото можат да предизвикаат бројни здраствени проблеми, како надуеност, иритација или воспаление на цревата, па дури и рак.

Факт е дека повеќето луѓе ги отвораат очите со шолја топло кафе пред појадокот, а понатаму во денот може да заборават и да појадуваат затоа што овој кофеински пијалак сосема ги заситува.

Шолја кафе на празен желудник ќе го поттикне излачувањето хлороводородна киселина, а таа непријатна појава многу брзо ќе ја почувствуваат личностите склони кон гастритис. Но, не се поштедени ни сите останати, затоа што оваа киселина ја разградува храната која сме внеле претходно, a протеините остануваат неразградени.

Неразградените протеини може да предизвикаат бројни проблеми како подуеност, иритација на цревата, воспаленија, па дури и рак.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Бројни истражувања покажуваат дека кафе треба да пиете дури неколку часа по будењето и тоа никако на празен стомак.

Исто така, треба да го избегнувате веднаш штом отворите очи, затоа што по будењето нивото на кортизол е природно високо.

Шолја кафе на празен стомак може да предизвика тешкотии, подуеност и гадење, па затоа обидете се да каснете барем едно парче леб пред да посегнете по тегличката со кафе.

- Реклама -