По специјалната Onyx едиција на RCZ претставена летово, Peugeot подготвува и спортски автомобил со истото име.
Веста случајно се најде на насловните страници на автомобилските интернет изданија откако Peugeot го постави на својот сервер промотивното видео со кое за салонот во Париз се најавува концепт со име Onyx, без притоа да го проследи ниту со по некоја фотографија, ниту со по некој збор.
Затоа, само ќе претпоставуваме врз основа на гласините што ги среќаваме низ виртуелниот свет дека се работи за спортски автомобил со футуристички дизајн и моќни карактеристики, кои со сигурност ќе ги добива од хибриден погон, најверојатно составен од 1,6 литарски турбо мотор со некои 250 КС и електромотор со барем половина од таа вредност.
{youtube}ug4auobYEn4{/youtube}
За да видиме за точно каков автомобил се работи, ќе мора да причекаме до 29 септември, 2012 година.
Објавено во соработка со Авто Плус.