Овој модел наречен CUB е еден од 10-те автомобили кои влегоа во потесниот избор на Peugeot Design Contest 2007, каде требаше да се замисли и нацрта „Автомобил од сништата“. Тој пред се треба да биде пријатен за возење, жив, ефикасен, достапен, едноставен и еколошки. Моделот на победникот ќе биде изграден и прикажан на Frankfurt 2007 Motor Show, а единствено посетителите на овој саем ќе ја имаат привилегијата да се повозат во него. [Peugeоt Top 10]