Peugeot го претстави новиот партнер

Веднаш откако Citroen ја откри обновената верзија на Berlingo, другата марка од концернот PSA – Peugeot, го покажа својот модернизиран Partner.

Моделот доби бројни новини како во дизајнот, така и во технологијата и премиера ќе има следната недела, на салонот во Женева.

Двете верзии на моделот – Partner и Partner Tepee, се опремени со различна предница, креирана во стилот на најновите модели на Peugeot, вклучувајќи го и комерцијалистот Boxer. Интересни се новите елементи на предниот браник, кои можат да бидат лесно заменети во случај на гребнатини или удар. Освен тоа Partner нуди како опција два пакети за надворешна персонализација – Look и Look Intégral. Кај Partner Tepee достапен е пакет Outdoor кој има елементи од светот на кросоверите. Ентериерот на обновените модели може да биде опремен со инфо-систем со 7-инчен дисплеј, камера за возење наназад, итни системи за сопирање, преден паркинг сензори, системот за подобрена тракција при различни услови Grip Control и друго.

Реновираниот Partner е достапен со богата палета на бензински VTi и дизел Blue HDi мотори кои ги задоволуваат Евро6 стандардите. Тие нудат моќност меѓу 75 и 120 КЅ, а во просек се 15% поекономичени од агрегатите на претходникот. Моделот Partner Electric е целосно електричен и има автономија од 170 километри. Овој модел има 67 КЅ и 200 Nm, a  развива максимална брзина од 110 km/h.

Реновираниот Partner е достапен во две должини – 4,38 или 4,63 мeтри, со два вида кабина. Partner Tepee може да се нарача со 5 или 7 независни седишта, а нуди зафатнина од 675 до 3.000 литри.


- Реклама -