Петрушевски: Филипче постапува како Алиса во чудесната земја, СДС е партија на лаги и измаштаности, живеат во свој свет исполнет со апсурди и фантазии.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на последните изјави на СДСМ и Венко Филипче, обвинувајќи ги за шириње невистини и за конструкција на настаните. Според нив, тие живеат во „паралелен свет“ исполнет со апсурдни идеи и политичка фантазија. Пратеникот Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција истакнува дека СДСМ, по локалните избори, на кои освоија околу 130 илјади гласови, го претставиле резултатот како успешен, иако, како што тврди, тој е историски нисок.

Во реакцијата се анализира и стратегискиот договор со Велика Британија. ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нивната влада успешно ја позиционирала Македонија на меѓународната сцена, додека СДСМ изнесувала неточни интерпретации за содржината на тој договор. Дополнително, споменати се и тарифите од САД, при што од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека по потпишувањето на заедничката изјава со американската страна тие биле намалени, додека СДСМ, според нив, иницијално одговорила поинаку.

Прочитајте и:  „Мизар“ одржува специјален јубилеен концерт во рамките на манифестацијата „Денови на Крали Марко“

Во реакцијата се нагласува и дека за време на седумгодишното владеење на СДСМ не бил завршен постмониторингот со Советот на Европа, а од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека тоа било постигнато по промената на власта. Од оваа партија праќаат порака до СДСМ да се соочи со реалноста и да престане со политички конструкции и погрешни толкувања на настаните.