PetMan – робот војник (видео)

роботОвој робот ги движи своите раце и нозе исто како и војниците  кои треба да ги имитира. PetMan е робот создаден од Бостон Динамикс за воена употреба – но не очекувајте да го видите на бојното поле. Засега роботот е дизајниран само да служи како подвижна кукла за тестирање на костуми за нуклеарно-биолошко-хемиска заштита.

Неговите енергетски чекори и фитнес вежби се дизајнирани да тестираат нови униформи за истите да не се оштетат во присуство на хемиски агенти. Компанијата тврди дека PetМan е првиот робот кој има облик и големина на човек и кој се движи како човек. Тој може да постигне брзина од 7 километри на час. PetMan исто така може да извршува едноставни вежби како склекови без да ја загуби својата рамнотежа. Претходни механички системи за вакво тестирање врешеле стрес врз материјалот на нереалистичен начин наместо да се движи како човек.

Тој исто така има и доволно добро чувство на рамнотежа што ако биде турнат додека трча нема да се преврти. „Места како реакторите на Фукушима би можеле да бидат пристапени од роботи слични на PetMan, без потреба луѓе да бидат изложени на опасни материјали. Можеби гаснење пожари во згради дизајнирани за луѓе или бродови дизајнирани за човечки екипаж“ изјавил Роберт Плејтер, инженер во Бостон Динамикс.
 
{youtube}mclbVTIYG8E{/youtube}

Роботот е делумно финансиран од DARPA – дивизијата на „луди научници“ на американската војска. „PetMan ќе одржува рамнотежа и ќе се движи слободно; одејќи, лазејќи и извршувајќи други акции кои ставаат стрес врз материјалите во присуство на хемиски агенти“ велат од Бостон Динамикс. „PetMan исто така ќе симулира човечка физиологија внатре во костумот преку контролирање на температура, влажност и потење по потреба, сè за да овозможи реалистични тест услови.“

- Реклама -