Премиерот на Бугарија – Кирил Петков, во изјава за бугарските новинари кои известуваа за неговата посета на Белград, соопшти дека имал телефонски разговор со македонскиот колега Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА од Софија.
Коментирајќи го оштетувањето на венците што бугарската делегација ги положи на гробот на Гоце Делчев во Скопје, Петков посочил дека секогаш ќе има провокатори.
Тој истакнал дека очекува нулта толеранција за сите провокации, но и дека верува дека тоа никако нема да ја намали брзината или да ги спречи започнатите заеднички активности.
„Ние имаме заедничка цел, а тоа е добрососедството и добри билатерални односи“, рекол Петков.
Извор: МИА