Догодина Амстердам ќе слави 125 години од смртта на Ван Гог и по тој повод многумина отсега планираат да го посетат овој прекрасен град.
Ван Гог е, се разбира е само една од многуте причини Амстердам да биде меѓу најпосетените градови во Европа и – што е поважно – меѓу најомилените.
Лалињата
Тие се буквално насекаде. За една година само во парковите и градините на Амстердам се садат над 600 000 лалиња.
Првото лале пристигнало во Холандија во XVI век од Турција. Но вистинската страст за овој цвет започнала кога градинарот Јохан ван Хохеланд открил како да засади лалиња во најразлични бои. Денеска на пазарот на цвеќето во градот има навистина незаборавен поглед.
Каналите
Познато е дека каналите на Амстердам се побројни од оние во Венеција – цели 165. Градот е изграден на 90 острови, поврзани од точно 1539 моста и надвозници. Сите тие се нумерирани. Мостот №1 се наоѓа на плоштадот „Мунтплејн”, а №1000 е изграден во 1973 година.
Велосипедите
Тоа е веројатно првата асоцијација за секој оној кој што го посетил градот. Неслучајно – на население од 810 илјади луѓе се паѓаат над 860 илјади велосипеди. За половина жители на градот тоа е главно превозно средство. Годишно во Амстердам исчезнуваат десетици илјади велосипеди и многу од нив на крајот се откриени на дното на каналите. Како што се тврди – цели 25 000 тркала лежат фрлени под вода.
Сплавови
Многумина би сакале да поживеат малку во таква подвижна куќа. Во Амстердам има над 2500 сплавови, целосно прилагодени за живеење, со струја и гас. Едно време тоа биле станови само за најсиромашните, но денес веќе станаа доста скапо задоволство.
Музејот на Ван Гог
Задолжително место за посета. Музејот на Ван Гог во Амстердам има огромна колекција од 206 слики, над 500 цртежи и 850 писма на генијалниот уметник. Сето ова тој го создал само за 9 години.