Пет намирници за убава кожа: Храна која ги брише брчките од лицето

Слаткиот компир е богат со витамините А и Ц, но и бакар.

Витаминот A се наоѓа во речиси секоја крема против брчки.

Ако сте мислеле дека само скапите препарати, кремите и маски  ги бришат брчките на лицето, сте се излажале. Оваа храна, освен тоа што е вкусна, изгледа прекрасно на зимската трпеза и многу благотворно влијае на кожата.

Пире од сладок компир

pire-krompir-foto-profimedia-1416991886-593468

Доколку не го јадете овој изврсен специјалитет, време е да ја промените навиката. Слаткиот компир е богат со витамини. Улогата на бакарот е да го зголеми производството на колаген и да и даде еластичност на кожата.

Брусница

brusnica-foto-thinkstock-1389102186-423343

Ова овошје е идеална состојка за разни сосови, но и колачи и други слатки. Покрај тоа што е нискокалорична, брусницата е многу богат антиоксиданс, чија што улога е многу важна во борбата против оштетените ќелии. Секако, не може да ги избрише веќе постоечките брчки, но ја спречува појавата на нови.

Цвекло

cvekla-1341819168-183399

Зеленчукот кој не е највкусен на светот, но е многу здрав. Изобилува со витамините А и Ц и влакна. Секако, ќе го израдувате своето тело доколку редовно го конзумирате. Доколку се комбинира со други зеленчуци, оревкасти плодови и зачини, може да биде исклучително вкусно, но и декоративно.

Боранија

boranija-foto-profimedia-1416992034-593469

Збогатете ја својата трпеза со оваа интересна храна. Боранијата е совршен извор на витаминот Ц, кој верно ја чува вашата кожа од оштетувања. Овој зеленчук може да се комбинира во облик на салата, но и како одличен прилог крај месо.

Морков и целер

sargarepa-foto-shutter-1413041766-580185

Домашната супа не можеме да ја замислиме без морков или целер. Приказната за чудесната моќ на морковот одамна е раскажана, а потсетуваме дека бета каротенот со кој што изобилува овој зеленчук, ја штити кожата од опасното УВ зрачење.

- Реклама -