Пет најомразени фудбалери

Во фудбалот има многу драма и играчите се во центарот на вниманието во текот на поголемиот дел од времето. Сепак, на теренот, па дури и во своите лични животи,  фудбалерите често стануваат жртви на омраза и свирежи поради своите активности. Ова  се петмина од најомразените фудбалери.

Ешли Кол

Ешли Кол е еден од најомразените фудбалери во Англија, поради проблемите со Шерил Кол. Во 2004 година, по  поразот на „Арсенал” од страна на „Барселона” излегоа гласини дека Мурињо прави се за  да го донесе Ешли во редовите на „Челзи“. „Арсенал“ му понуди нов договор, но како што Ешли имаше изјавено “Кога чув од агентот дека ми нудат само 55.000 неделно за малку ќе се излетав од патот со колата”, а во “Челзи“ му нудеа 90.000! Ешли отиде во Челзи, а до ден денес навивачите на „Арсенал“ неможат да му простат на нивното дете што ги напушти за пари. Оттаму и надимакот Кешли Кол.

Најомразените фудбалери

Серхио Бускетс

Бускетс паѓа и при најмал контакт, плачејќи за фаул. Тој  има добиено  многу критики за  своето  однесување кое според многумина воопшто не е спортско. Кој би можел да го заборави инцидентот, во кој тој ѕирка низ рацете додека симулира фаул?

Најомразените фудбалери

 Џои Бартон

Според многумина на Twitter, тој е егоист, садист и арогантен.

Неговата репутација на егоист тешко може да се доведе во прашање, а така ќе биде уште долго откако ќе ја заврши кариерата. Бартон е убеден дека никогаш не направил ништо лошо иако предизвика многу инциденти додека беше во Манчестер Сити и Њукасл.

Најомразените фудбалери

Луис Суарез

Суарез стана мета на хејтерите  откако стана голман за неколку кратки моменти во натпреварот против Гана на Светското во 2010-тата. Откако се префрли во Ливерпул каде се прослави со расизам,  и го гризна Ивановиќ минатата сезона, тој дефинитивно е еден од најпознатите  играчи кои уживаат презир.

Најомразените фудбалери

Џон Тери

Лидерот и  легенда во Челзи, Џон Тери е  познат по своите  пијани однесувања, афери и финансиски скандали.

Откако упати  расистички коментари кон Антон Фердинанд и спиеше  со жената на Вејн Бриџ, тој не освои поени за човечност.

Најомразените фудбалери

 

- Реклама -