Песков: Западот треба да плати висока цена за антируските санкции

Граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена за антируските санкции што ги воведоа нивните држави, но цената ќе продолжи да расте секој ден, изјави денеска портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков, потенцирајќи дека Русија подготвува одговор на шестиот пакет санкции на ЕУ.

„Разгледуваме различни опции. Ако зборуваме за областа на санкциите воопшто, ова е меч со две острици. Американците, Европејците и другите земји се обидуваат да ни наштетат и треба да платат висока цена“, истакна Песков.

Денеска Европската комисија предложи шести сет санкции за Русија, вклучително и целосна забрана за увоз на руска нафта до крајот на годинава. Сепак, засега, ЕУ членките не успеваат да се договорат за ембаргото.

Прочитајте и:  Во Балтичко Море оштетен и подводниот телекомуникациски кабел што ги поврзува Шведска со Литванија
- Реклама -