Песков: Специјалната воена операција не зависи од временските услови, целите мора да се постигнат

Специјалната воена операција во Украина не зависи од временските услови и продолжува, изјави денеска за медиумите портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

„Специјалната воена операција продолжува, таа не зависи од климатските или временските услови. Нејзините цели мора да се постигнат“, рече Песков, пренесе Тасс.

Одговарајќи на прашање за милионите украински граѓани кои на 15 ноември останаа без струја и топлина поради руските борбени операции во време кога временските прогнози предвидуваа пониски температури на воздухот, Песков рече дека тоа е резултат на напад на воена инфраструктура.

„Тоа се случи поради одбивањето на Киев да води преговори со Русија“, рече Песков.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Над 900.000 украински жртви досега во војната, тврди Москва
- Реклама -