Пешкирите се легло на бактерии

По користење, пешкирите извесно време остануваат влажни, што особено го потхранува размножувањето и ширењето на инфекции, предупредуваат експертите.

Многу бактерии можат да преживеат миење на ниски температури.

Пешкирите претставуваат најголемо легло на бактерии. После користење, извесно време остануваат влажни, што помага за ширење на инфекции, предупердуваат експертите од Универзитетот во Аризона.

Истражувачите на оваа појава, откриле присуство на ешерихија коли на 25, 6 отсто од пешкирите, која припаѓа на фамилијата на таканаречените колиформни (фекални) бактерии.

Раководителот на истражувањето др. Чарлс Герба предупредува дека при бришење на рацете, треба да водиме сметка, бидејќи преку нив директно се пренесуваат на храната, лицето, па дури и устата.

Тие нагласуваат и дека е потребно да ги миеме пешкирите најмалку еднаш неделно, на 90  степени. По можност, добро е да се користи и избелувач.

Особено би требале да обрнеме внимание на пешкирите за лице, кои мораме да ги менуваме секојдневно.

- Реклама -