Пензионерот што си купи цело маало внуци

Кога Еви Дејвисон починала од рак во април 2016-та, Кит Дејвисон – со кого била во брак цели 66 години, се нашол во куќа исполнета со тишина и самотија. „Не можете да замислите како е“, вели Кит. „Плачеш. Многу. Едноставно така е, кога ја нема“.

Кит е пензиониран судија. Има 94 години. Има три возрасни деца, но нема ниту едно внуче. Ама не очајува и не губи волја за живот. Напротив. Кога Еви починала, Кит решава да направи базен во својот двор во Морис, Минесота. Не за себе, туку за маалските деца.

Базенот е 4.9 метри широк и 9.8 метри долг. Почнал да го гради набрзо по смртта на сопругата, а за „посетители“ е отворен во јули. Оттогаш дворот на Кит никогаш не е празен, а тој веќе не се чувствува осамен. Што ќе рече негов комшија, „сега цело маало деца му се внуци“.

Одвреме навреме и Кит се опушта во базенот, откако децата ќе заминат. Ако добро се загледаш, ќе видиш насмевка од која се чита дека е горд на својата себична несебичност и задоволен што некому му е потребен.

PS. Коментари дека е педофил нема да ги сметаме за креативни.

- Реклама -