Пентагон: САД не обезбедуваат опрема и разузнавање за напади на руска територија, тоа е бесмислица

Војската на САД не обезбедува ресурси за Украина да изведува напади надвор од нејзината територија, изјави синоќа портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер.

„Можам да кажам дефинитивно дека идејата ние да обезбедуваме резузнавање или инфомации на Украинците за тие да таргетираат локации внатре во Русија е бесмислица“, изјави тој откако беше прашан за можна употреба на беспилотни летала од САД во соседна Белорусија.

„Регуларно се консултираме со Украинците за соодветна употреба на опремата што им ја обезбедуваме. Сите показатели укажуваат дека тие продолжуваат да бидат фокусирани на одбрана на својата татковина и борба во Украина“, изјави Рајдер.

Изјавата доаѓа откако вчера во руски медими и на социјалните мрежи се објавија непотврдени извештаи за диверзантски напад во Русија, изведен од страна на руска националистичка милитантна група во областа Брјанск, во село близу руско-укринската граница, а која пристигнала од Украина. Во нападот наводно загинале две лица, а неколку биле киднапирани. По овој повод ова во Кремљ беше свика итен состанок на националниот совет за безбедност.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

МИА

- Реклама -