Летната олимпијада во Пекинг 2008 година и не изгледа веќе толку далечна. Кинезите се спремаат и сакаат да ја прикажат својата грандиозност и преку архитектурата. Деновиве се одржа и конкурсот за изградба на Олимпискиот стадион на кој учество земаа 13 кандидати со своите проекции. На овој линк преку модели можете да ја видите комплетната понуда на сите учесници. Дали B11 ќе биде стадионот за кој кинезите ќе се одлучат, останува да видиме.