Пејзаж што изгледа како нацртан

Painted Hills (бојадисаните ридови – во превод од англиски) се наоѓаат во Вилер Каунти, во американската држава Орегон. Наречени се така поради обоените слоеви. Секој од нив одговара на различните геолошки епохи, формирани од древна река. Боите изгледаат речиси неприродни и рачно насликани.

 

Уникатните бои се формирале пред повеќе од 35 000 милиони години од слоеви вулканска пепел, исфрленa при древни ерупции, кога регионот се уште бил под речните води. Со текот на времето слоевите пепел, кои содржат различни минерали и супстанции се стврднале во различни бои и создале неверојатен пејзаж, со кој се прослави  месноста денес.

Нијансите се менуваат во текот на целиот ден, во различни сезони и според аглите на сончевите зраци. Најдобро време за посета на ридовите е по бура, кога секоја боја се зајакнува. Боите варираат од црвена, портокалова, жолта и златна со ленти од црна и сива боја.

Погледот привлекува стотици  фотографи и уметници. Паркот Painted Hills е отворен за  туристите,а создадени се места за пикник, паркинзи и големи информациски плочи.

- Реклама -