Наместо бои и четки, Морис Бенет од Нов Зеланд го користи огнот и лебот
за тост како средство да направи уметност. Едно утро за време на
доручекот Морис го забележал светло кафеавиот правоаголник на печеното
лепче пред да го грицне. Следното нешто што го му паднало на ум е да
направи огромен портрет од лепчиња за тост.
Наместо бои и четки, Морис Бенет од Нов Зеланд го користи огнот и лебот за тост како средство да направи уметност. Едно утро за време на доручекот Морис го забележал светло кафеавиот правоаголник на печеното лепче пред да го грицне. Следното нешто што го му паднало на ум е да направи огромен портрет од лепчиња за тост.
Бенет има направено повеќе портрети вклучувајќи ги оние на Мона Лиза направен од 2124 парчиња тост и портретот на Елвис Присли направен од 3525 мали тостерки.
Еден од поисцрпувачките портрети бил огромниот билборд во 1999 на поранешниот градоначалник на Велингтон Марк Бламски направен од 2724 парчиња тост леб. Првите негови дела беа направени со помош на тостер за две парчиња.
Илјадници парчиња подоцна Бенет го пренел своето студио во фабрика за леб во околината на Велингтон каде ги користел печките да испече и до 90 парчиња леб во исто време.
”Портретите бараат многу илјади парчиња леб печени на различна температура за да може да се изразат различните нијанси и сенки” објаснува тој.
За да ги заштити своите дела од распаѓање и од клукањето на птиците, секое парче тост е потопено во полиуретан. [Toastman Portraits by Maurice Bennett]