Павле Трајанов: Протоколот е контроверзен, да не се потпишува

Протоколот усогласен помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија да не се потпишува бидејќи е контроверзен и ѝ овозможува на Бугарија директно да се меша во внатрешните работи на Македонија, посебно во идентитетските, историските и образовните прашања, побара лидерот на Демократски сојуз – Павле Трајанов.

Тој побара и протоколот што поскоро да се објави за да можат граѓаните и експертите да го разгледаат, а целиот пакет да биде подложен на широка расправа.

„Воедно укажуваме дека за пакетот во кој се содржани повеќе предлог документи, преговарачката рамка, заклучоците на Советот на ЕУ, Акционен план, годишни прегледи и протокол, треба да мине низ широка расправа, за да се слушне гласот на народот. Во текот на оваа расправа, министрите да се воздржат од закани со кривичен прогон на тие што имаат поинакви ставови, потоа со меѓуетнички тензии и слично“, апелираат од партијата.

Прочитајте и:  Мицкоски за пренамена на средствaта за Коридорот 8: Жалам што Бугарија за внатрешно-политички потреби прави политика од сето ова

Договорената стратегија за широки консултации, порачаа, треба да се одвива во демократска атмосфера, одговорно и транспарентно.

- Реклама -