Докажувајќи дека технологијата е навистина циклична, BMW успешно интегрирал мала парна турбина во протоип серија 5 кој претвара дел од енергијата која се губи како топлина во електрицитет, со што ја подобриле потрошувачката на гориво за 10 проценти.
Автомобилите трошат неверојатно големи количини гориво (околу 60 проценти од она што е во резервоарот) загревајќи одредени делови без потреба, и освен ако не живеете во Шкотска или Сибир каде што загреан автомобил е добра работа, таа топлина неупотребена се губи во атмосферата. BMW го возвраќаат ударот портив тиранијата на неефикасност со нивниот Turbosteamer Project, кој ја користи најновата старомодна технологија од парни машини за да добие елктрицитет од топлината.
Парна машина е еден од наједноставните форми на мотор. Топлината загрева вода до вриење, создавајќи пареа, пареата потоа турка клип или врти турбина. Бидејќи секој извор на топлина може да биде употребен за зовривање на вода, во теорија можете да прицврстите парна машина на било што што достигнува температура од стотина степени со што истовремено ќе добиете енергија и ќе го ладите дадениот предмет.
Ова е накратко целиот проект на BMW: компанијата додава мал електричен генератор напојуван од пареа на издувниот систем на автомобилот. Системот ја извлекува топлината од издувните гасови, врие течност за да добие пареа која потоа ја користи за погон на електричен генератор. Имплементирањето на ваков систем не е лесно и од BMW велат дека оваа модификација нема да биде во продукциските модели уште долги години.
Производителот поставил ваква модификација во Серија 5 Салон, и таа наводно создавала 100 проценти од електричната енергија потребна за автомобилот, со што потрошувачката на гориво била намалена за 10 проценти, што значи дека и емисијата на јаглерод диоксид е намалена. [BMW adds steam engine to car, improves fuel efficiency by 10%]