Париз 2014: Премиера за Fiat 500X

Fiat во Париз ja претстави долгоочекуванaта офроуд верзија на ревитализираниот модел 500, кој ќе ја носи ознаката 500X.

Новото засилување во семејството 500, во кое во моментов се вклучени класичната варијанта, 500C, 500L, 500L Trekking и 500L Living, ќе се произведува во фабриката на компанијата во Мелфи и ќе биде достапен во повеќе од 100 земји, вклучувајќи ги и САД.

Fiat 500X ќе се нуди во две главни верзии со две одделни модификации. Првата од италинската марка ја дефинираат како повеќе урбанизирана, а втората е наменети за авантури и надвор од асфалтот. Компактниот теренец ќе биде достапен во неколку бензински и дизел верзии, со три вида преносни трансмисии – механичка, деветстепена автоматска и шест-брзинска роботизирана. Автомобилот ќе се нуди исто така и во верзија со пренос на две тркала или со преден погон и систем Traction Plus.

Ниовината 500X е со основни димензии должина 4,25 метри (+2 см кај авантуристичката верзија), 1,8m ширина и 1,6 м висина, а капацитетот на багажникот е 350 литри. Типично за портфолиото на 500, од Fiat се предвидени и богат сет можности за персонализација, вклучувајќи 12 основни бои, дополнителни заштитни елементи, избор помеѓу 16, 17 и 18-инчни фелни и друго.

Првично, Fiat 500X ќе се нуди во верзија со 1.4 Turbo MultiAir II мотор со 140 коњски сили, 1.6 MultiJet II со 120 КЅ и 2.0 MultiJet II со 140 КЅ.

- Реклама -