Пакети со помош од САД усмртија пет Палестинци, откако не се отвориле подобраните на кои биле поставени

Пет Палестинци го загубија животот денеска во Појасот Газа кога врз нив паднаа пакети со помош од САД, откако падобраните на кои биле поставени не се отвориле, објави британскиот весник „Телеграф“.

Светските агенции јавија дека повредени се 10 лица.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како неколку пакети паѓаат со екстремно голема брзина на земја, исфрлени од транспортен авион.

Во текот на изминатата недела, американската војска, во координација со Јордан, Египет и Франција, испорача над 70.000 оброци со храна во Појасот Газа.

Претходно денеска, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон рече дека Обединетото Кралство ќе работи во соработка со САД за отворање на поморски коридор преку кој помошта за енклавата би можела да се доставува директно по море.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

Претставниците на хуманитарните организации со месеци предупредуваат дека претстои глад во Газа поради недостигот на храна предизвикан поради затворањето на границите, забележува британскиот весник.

- Реклама -