Пајакот паун заслужено си го носи таквото име. Машките примероци од овој вид имаат необично колоритен продолжеток на стомакот кој му е главниот адут за привлекување на женката. Пајакот што менува бои, пак, е мистерија за научниците.
[[Maratus_volans|Пајакот паун]] (Maratus volans) заслужено си го носи таквото име. Машките примероци од овој вид имаат необично колоритен продолжеток на стомакот кој му е главниот адут за привлекување на женката.
Овој пајак има и посебен танц за додворување: додека и се приближува на женката, мажјакот вибрира со продолжетокот на стомакот кој изгледа како опаш кревајќи ги задните нозе и танцува од едната на другата страна. Овој вид на скокачки пајаци се со големина од само 5mm, а нивната татковина е Австралија.
Пајакот што менува бои, пак, е мистерија за научниците. Женките пајаци од видот Misumena vatia ја менуваат бојата во зависност од цветот од каде го демнат пленот. Меѓутoа, спротивно од очекувањата, нивната камуфлажа не е со цел да ги направи подобри ловци. Ова ги збунува научниците кои не знаат која е целта на камуфлажата кај овој вид на пајаци. Разгледувајќи ги можните придобивки од менувањето на бојата, научниците забележале дека само возрасните женки ја менуваат бојата.
Меѓутоа, дали оваа способност им помага на женките за да бидат незабележителни кога несат јајца или пак менувањето на бои можеби функционирало во минатото при ловењето или избегнувањето на предаторoт, а останала и до ден денес, научниците не можат да одгатнат.