Пад на довербата во ЕУ кај македонските граѓани, 40% сметаат дека состојбата во државата ќе остане иста

Само 16 отсто од граѓаните сметаат дека членството во ЕУ би било лошо за земјава, покажуваат податоците од стандардното истражување на Евробарометар, спроведено во периодот од 7 јуни до 1 јули годинава, во кое биле опфатени 1.017 испитаници од Северна Македонија. Дури 68 отсто од нив сметаат дека членството во Унијата би било многу добро за земјата, а уште повеќе, 72 отсто – дека земјата ќе има корист од зачленувањето во ЕУ.

Сепак, довербата на македонските граѓани во Унијата бележи пад во споредба со лани есента, од 6 проценти. Довербата сега е 57%, за разлика од лани, кога била 63%.

Прашани колку се задоволни од животот, 67 проценти од анкетираните во земјава одговориле дека се задоволни, а 33 незадоволни. Запрашани дали очекуваат подобар живот во наредните 12 месеци, 33 отсто одговориле позитивно, 16 негативно, а 50 проценти сметаат дека животот ќе им остане ист.

Прочитајте и:  ЕУ поделена околу одлуката на Бајден за напади длабоко во Русија, се стравува од нуклеарна војна

Општата ситуација во земјата во моментот како добра ја оцениле 47 отсто од испитаниците што е за 10 проценти повеќе во однос на есенскиот Евробарометар. Како лоша, пак, ја оцениле 51 процент или за 11 отсто помалку во споредба со претходното истражување. Подобрување на општата ситуација во земјата во наредните 12 месеци очекуваат 28 отсто, исто толку сметаат дека ќе биде полошо, 40 отсто оти ќе остане иста, а четири отсто не одговориле. Повеќе податоци на „НОВА ТВ“.

 

- Реклама -