Оваа секојдневна навика може да го намали ризикот од деменција за 12 проценти

Деменцијата е сериозна тема од која многумина се плашат, но постојат едноставни, секојдневни навики кои можат да го намалат ризикот од когнитивно опаѓање.

Невролозите долго време тврдат дека здравиот начин на живот е клучен за здравјето на мозокот, а исхраната игра голема улога во тоа.

Покрај тоа, една неодамнешна студија покажа дека дневните навики во исхраната се поврзани со помал ризик од деменција, дури за 12 проценти.

Станува збор за дневна консумација на јаткасти плодови. Студијата анализирала податоци од повеќе од 50.000 возрасни лица и открила дека оние кои редовно јадат јаткасти плодови имаат помали шанси да развијат деменција.

„Јаткастите плодови содржат високо ниво на здрави масти, антиоксиданси, влакна и антиинфламаторни соединенија кои го поддржуваат здравјето на мозокот. Исто така, консумирањето јаткасти плодови има позитивен ефект врз цревниот микробиом, кој е важен за здравјето на мозокот бидејќи може да спречи невродегенерација и да ја подобри когнитивната функција, здравјето на срцето и метаболизмот“, објасни д-р Дејвид Перлмутер за „Парад“.

Прочитајте и:  Ако сакате да спиете подобро, консумирајте ги овие намирници и пијалоци пред спиење

Видовите јаткасти плодови се исто така важни за специфични придобивки.

Д-р Перлмутер истакнува: „Оревите се богати со омега-3 масни киселини, корисни за здравјето на мозокот, додека бадемите и лешниците имаат високо ниво на витамин Е, кој ги штити мозочните клетки. Ф’стаците, пеканот и индиските ореви содржат антиоксиданси и хранливи материи кои ги поддржуваат когнитивните функции и метаболизмот“.

Тој додава дека е доволна дневна порција од 28 грама јаткасти плодови и дека е исто така многу важно редовното консумирање.

„Дневното јадење јаткасти плодови има долгорочни придобивки за здравјето на мозокот и срцето, што може да го намали ризикот од деменција“, заклучил докторот.

- Реклама -