Од Philips не откриваат премногу детали за Андроид телевизорот, но изјавија дека тој ќе има четиријадрен процесор. Најпрво во текот на пролетта ќе пристигне во Европа и во Русија.
Компанијата TP Vision најави дека во текот на годинава ќе го лансира првиот телевизор со Андроид, а први на пазарот каде ќе бидат достапни се Европа и Русија. Од Philips велат дека Андроидот треба да го збогати Smart TV искуството, но и да донесе еден куп игри на телевизија. Ова ќе ги прошири и понудите за апликации на порталот Philips Smart TV.