На омилената летна маица или фустан, особено на оние белите, по одреден број носења можат да се јават жолти траги под пазувите. Колку и да внимавате на хигиената или да користите дезодоранси, порано или подоцна, потта ќе го остави својот потпис. Сепак, тоа не значи дека треба да се збогувате со вашите сакани парчиња облека – проблемот ќе го решите со помош на една таблета што сигурно ја имате дома, а тоа е Аспирин.
1. Земете 2 или 3 таблети Аспирин и издробете ги. Еден од начините е да ги ставите во пластична кесичка и да ги иситните со дното на чаша
2. Иситнетиот прав ставете го во чаша вода и почекајте потполно да се раствори
3. Попрскајте или истурете ја смесата врз дамката и почекајте околу 2 до 3 часа.
4. За посилен ефект, издробете уште 2 до 3 таблети и додајте им малку вода, колку да се добие густа паста.
5. Втријте ја „пастата“ во дамката и оставете ја да делува 2 до 3 часа.
6. Исперете ја облеката