Отказно писмо со стил

Шервуд Андерсон (1876-1941), американски новелист и писател на кратки раскази, како и неколку други славни автори (Ф. Скот Фицџералд), најпрво започнал во маркетинг индустријата, прво како продажен агент, а потоа и како сопственик на свој бизнис. На крајот, сепак завршил како вработен во маркетинг агенцијата Тaylor Critchfield Co.
Меѓутоа, во 1912-тата година ја напуштил сопругата, трите деца и бизнисот, за целосно да може да и се посвети на својата најголема љубов – пишувањето. Веќе во 1918-тата, на 41-годишна возраст, тој се прославил како писател и решил да ги раскине сите врски со корпоративниот свет.

Sherwood_Anderson_cph.3b16123-390x600

Важејќи за човек со извонреден хумор и итрина, тој го напишал можеби најдоброто отказно писмо некогаш напишано:

„Драг Бартон:

Постои ваш вработен за кој долго време мислам дека треба да биде отпуштен. Зборувам за Шервуд Андерсон. Тој е колега со многу способности, но убеден сум дека веќе некое време, не си ја сака работата со полно срце.

Без дилема, овој човек, Андерсон, беше гордост на нашата организација. Неговата коса, долга и неуредна, му даваше артистичка безгрижност на неговиот надворешен изглед, што на некој начин, ги импресионираше луѓето како Френк Лојд Врајт и Г-ин. Куртинез кога влегуваа во канцеларијата.

Но, Андерсон не е веќе продуктивен. Како што реков, работата не е повеќе дел од неговото срце. Мислам дека треба да биде отпуштен, а ако вие не го направите тоа, барам дозвола јас лично да го сторам. Затоа предлагам од Андерсон да биде побарано да ги прекине сите врски со компанијата веќе од следната недела. Тој е добар колега. Предлагам да му соопштиме фино, но во исто време да го приклештиме.

Искрено ваш,
Шервуд Андерсон“

- Реклама -