Остри критики од киевски Динамо за пријателскиот натпревар на Фенербахче со руски Зенит

Одлуката на турскиот фудбалски гигант Фенербахче да одигра пријателски натпревар против рускиот прволигаш Зенит во Санкт Петерсбург предизвика остра реакции од раководството на Динамо од Киев.

Зенит и Фенербахче одиграа во неделата пријателски натпревар без голови, а гостување на турскиот клуб во Санкт Петерсбург остро го критикуваше Динамо преку социјалните мрежи.

Украинската страна го обвини Фенербахче дека „им помага на убијците да ја продолжат својата крвава жетва на украинска почва“.

„УЕФА и ФИФА ги елиминираа руските клубови од меѓународните натпреварувања, а вие отидовте на турнеја за да заработите пари и да играте со агресорот. Никакви пари нема да го надоместат ова ваше срамно однесување, овој излет кај убијци без морал и без човечки квалитети“, соопшти киевски Динамо.

Прочитајте и:  Сибиха: Претставници на Русија треба да бидат поканети на вториот Самит на мирот

МИА

- Реклама -