Османи: Црвената линија е дека за идентитетските прашања разговор не може да има

На 25 март 2020 година, Бугарија ни даде поддршка за преговорите со ЕУ, потсети министерот за надворешни работи – Бујар Османи во гостувањето во „Еурофокус“ на ТВ „Телма“, додавајќи дека не смета дека во меѓувреме овој стратешки став на Бугарија е сменет.

Инцидентите во меѓусебната комуникација, пак, не треба да го урнат Договорот за пријателство и добрососедство, истакна министерот:

„Мешовитите комисии треба да го одвлечат влијанието од политиката. Тие мора да продолжат да работат со голем интензитет. Мислам дека црвената линија е дека разговор за идентитетските прашања не може да има. Само со комуникација со нашите бугарски пријатели можеме да го решиме ова прашање. Мораме да ја гледаме големата слика“.

Прочитајте и:  Еден загинат и двајца исчезнати по експлозии во магацини за пиротехнички материјал близу Софија

Извор: Локално

- Реклама -