Османи: Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи

„Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Република Косово. Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи“, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

„Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив. Охрабруваме сеопфатно решение во согласност со 🇪🇺🇺🇸 посредување“, пишува во статусот на министерот Османи.

- Реклама -