Османи: Косово е благословено со поддршката од сите американски партии

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по повод денешното гласање на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, изјави дека Косово е благословено што ја има поддршката од САД, како од демократите, така и од републиканците, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава пред новинарите на манифестација на УНИЦЕФ во косовската престолнина, Османи истакна дека САД се стратешки сојузник на Косово и ќе продолжат да бидат тоа и по претседателските избори.

„Косово е благословено со извонредна американска поддршка од сите страни. Во времето кога ја добивме слободата, на власт беа демократите. Во времето кога ја постигнавме независноста, власта ја имаа републиканците. Косово навистина беше благословена земја со надпартиска американска поддршка. Тоа е одлука на американскиот народ. Ќе ја продолжиме соработката со кој и да биде избран. Важно е Соединетите Американски Држави да продолжат да бидат лидер на слободниот свет и најважниот стратешки сојузник на Косово. Така ќе продолжи и по овој датум“, рече Османи.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци
- Реклама -