Иако есента само што пристигна, модната недела во Њујорк ги однесе пристутните неколку месеци во иднината. Во конретниов случај, пролетта на Оскар де ла Рента.
Со храбри бои, богати текстури и прекрасни принтови, во комбинација со тоалетите кои го носат неговиот потпис, колекцијата на Оскар предизвика водзишки кај присутните на модната недела. Во фокусот беа разиграните парчиња со боја на праска, комбинирани со розова боја и цветни принтови.
Можеби не се замислувате себеси како Карли Клос на отворањето и затворањето за Де ла Рента, но многу лесно и едноставно можете да ги приспособите парчињата што ги имате во гардероберот инспирирани од изгледот на модните писти.
Розово
Оскар де ла Рента дизајнираше неколку комбинации во кои изобилуваат повеќе нијанси на розова боја и цветни детали за современ женствен изглед. На девојките кои го практикуваат овој стил ќе им биде драго да знаат дека е лесно да се дојде до овој изглед со само неколку клучни парчиња. Набавете јакничка (или палто) со цветен принт и обична маичка во светлорозова боја. Со ова, комбинирајте шорцеви со висок струк со боја на праска и балетанки за супер сладок изглед!
Шеќерна волна
Инспирирани од оваа слатка пена од шеќер, парчињата со боја на шеќерна волна се најчесто со тантела на краевите, во комбинација со сино здолниште и чевли со потпетици. Модните додатоци како колан со ѕвезди и обетки даваат интересен и симпатичен шмек.
Црно-бели класични риги
Оскар суптилно го вметна и класичниот морнарски стил во новата колекција. За почетокот на есента, овој класичен крој на фустан изгледа фантастично во црно-бели линии. Вашиот стајлинг започнете го со тесен класичен топ со морнарски линии, во комбинација со црно здолниште. Финиширајте го изгледот со чевли на платформа и впечатлив ѓердан. [Fashion Inspiration: Oscar de la Renta Spring 2013]