Дали е потребна органска бебешка храна?

Органската бебешка храна е поскапа од обичната бебешка храна. Дали тоа значи и дека органската бебешка храна е подобра?

Органската храна е произведена без конвенционалните пестициди, хемиски ѓубрива, антибиотици или хормони за растење. Хранејќи го вашето бебе со органска храна може да го заштитите со помала експозиција на овие супстанци. Но на подолг период не се покажало дека органската храна е повеќе хранлива од неорганската храна.

Постојат производи кои имаат органски печат дека содржат различни проценти на органски состојки, но не се гарнтира дека се побезбедни или похранливи од неорганските производи. Некои родители преферираат органска храна бидејќи е корисна и за околина, други бидејќи мислат дека е поздрава или дека е повкусна од другите.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Најважно е што е дел од балансираната исхрана. Хранејќи го вашето бебе уште од почетокот со здрава храна – било да е органска или не – ќе ги поставите основите за здрава исхрана низ целиот негов живот.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -