Десет научно докажани начини да се опуштиме.
Сите знаеме дека релаксацијата го намалува стресот. Хроничниот стрес е штетен, бидејќи доведува до висок крвен притисок, прекумерна тежина, депресија и што ли уште не. Еве 10 докажани начини да ги избегнете овие непријатни работи.
1. Слушнете ја најрелаксирачката песна на светот
Истражување утврдило дека песната “Weightless” на британската група Маркони Унион дејствува релаксирачки повеќе од музиката на Моцарт, Енија и Колдплеј. Во продолжение, во рамки на 8,2 минути, телесниот ритам на слушателот влегува во синхронизација со овој на мелодијата. Резултатот – тензиите се намалуваат со 65%, а пулсот се забавува со 35%.
2. Бакнувајте се
Долгите бакнежи го тераат организмот да произведува големи количини на хормонот окситоцин, кој го намалува нивото на стрес хормонот – кортизол. Ова го покажуваат резултатите на истражувањето претставено пред Американската асоцијација за научен напредок во 2009 година.
3. Гледајте комедии
Смеата е добро познат убиец на стресот. Истражувањето објавено во 2009 година во списанието „Хумор”, го докажува и научно овој факт – смеењето ја намалува психичката напнатост. Кај луѓето кои се смеат, се набљудуваат пониски нивоа на кортизол.
4. Вежбајте јога
Истражувањата покажуваат дека јогата, преку комбинација на дишење и специјални пози за релаксирање на мускулите ги намалува анксиозноста, депресијата и заморот. Во истражувањето спроведено со 50 студенти по медицина, научниците откриваат дека јогата води до подобри резултати на испитите како резултат на подобрената концентрација, намалената раздразливост и позитивниот поглед кон животот.
5. Јадете чоколадо
Според истражување, цитирано од Ана Макгиј, автор на книгата Тhe De-Stress Diet, 40 грама темно чоколадо на ден ни помагаат да се се бориме со стресот преку излачување на т.н. бета-ендорфин во мозокот.
6. Направете си „механизам”
Станува збор за нешто што ќе ве натера да се префрлите во мирна состојба, обично пред да започнете дејност поврзан со повисок напон. Методот е опишан во книгата Тhe Art of Learning на Џош Вејтцкин како „спонтана релаксација” меѓу навиките и активностите кои треба да создаваат психолошка врска. Навиката е нешто што го гледате како релаксирачки – прошетка, када, слушање музика. Во паузите спортистите користат слични техники за да се одморат пред играта.
7. Земете миленичиња
Студиите покажуваат дека луѓето кои што чуваат домашни миленичиња имаат низок крвен притисок и се помирни, кога меките пријатели се блиску до нив.
8. Напијте се пијачка
Се разбира, не ви нудиме да се натрескате – алкохолот во големи количини доведува до немирен сон, меѓу другите проблеми, но умерената конзумација го намалува нивото на стрес.
9. Гума за џвакање
Без оглед со каков вкус е и дали може да прави меурчиња, истражувања покажуваат дека гумата за џвакање го намалува стресот и ја подобрува концентрацијата, бидејќи ја намалува количината кортизол во плунката.
10. Не обрнувајте внимание на телефонот
Барем ако не се однесува за работа. Истражување на Британското психолошко друштво утврди дека континуираното читање на СМС пораки, социјални надградби и листи со задачи, значително го зголемува стресот.