Опкружен со обожавателки- Лудата забава на Ноле на концертот на Чолиќ

Кога Здравко Чолиќ има концерт, и најдобриот тенисер на светот останува буден до раните утрински часови иако за два дена има меч.
Здравко Чолиќ во петокот вечерта одржал концерт во Дубаи во „Хилтон Дубаи Џумеира центарот“, а еден од највеселите во публиката бил Новак Ѓоковиќ кои игра во турнирот во тој град.

Чолиќ ја забавувал публиката цели три часа, од 11 до 2 часот по полноќ, а Новак целото тоа време играл на неговите хитови. Во публиката биле околу две илјади луѓе, претежно жени од Србија, но сите очи биле насочени кон најдобриот тенисер на светот.

Обожавателите го опседнале Новак за фотографирање, и тој не одбил никого. Поголемиот дел од времето Ноле го поминал во ВИП просторот со неговиот брат Марко и се чини одлично се забавувале.

- Реклама -