Opel во иднина ќе типува на кросоверите

Германскиот Opel планира на пазарот во блиска иднина да понуди пголем број на кросвери и SUV модоли, со кои верува дека ќе ја зголеми рапидно својата продажба на возила.

Последните извонредни показатели за растот во продажбата и остварување на профит од стартот на годинава, ја вратија самодовербата кај водечките луѓе во Риселсхајм. Особено позитивни остварувања има моделот Mokka. За нешто повеќе од една и пол година на пазарот Mokka е продадена во 200.000 единици. Навистина извонредно остварување, па како реакција на ова веќе се прават одредени анализи.

-Во иднина мора да се концентрираме посеризно на пласирање на кросовери и SUV возила, бидејќи владее голема побарувачка на пазарот, особено во Европа, на овој вид автомобили, истакнува директорот на Opel, Карл-Томас Нојман во интервју за Autonews Europe.

Тој додаде дека овој успех мора да биде поткрепен, а моделите кои во 2016 ќе ги заменат актуелните генерации на мини-ван возилата Meriva и Zafira ќе бидат дизајнирани како кросовер автомобили. Двата модели ќе бидат рзавиени во соработка со Групацијата Peugeot-Citroen (PSA) и ќе користат платформа од овој производител. Нојман вели дека ова е поради фактот што  соработката со PSA ќе даде пониски производни и развојни трошоци, што ќе придонесе да бидат попрофитабилни. Наследникот на Zafirа ќе се произведува во фабриката на PSA во Сошо, во Франција, а на Meriva во Опеловите погони во Сарагоса.

Нојман не сака ги коментира шпекулациите дека се подготвува SUV со должина од близу пет метри на платформа на Buick, врз база на концептот Monza, кој би се појавил во 2017 година.

 

- Реклама -