Подгответе се за незаборавно шопинг искуство! Оваа среда, 6 мај, точно во 10:00 часот, ќе се отворат вратите на Pop Up продавницата на Fashion Group во Градскиот трговски центар (ГТЦ) за најголемиот Garage Sale досега.
Продавницата е лоцирана на првиот кат, во близина на веќе познатиот Fashion&Friends Outlet. Оваа Pop Up продавница ќе биде основна дестинација за сите љубители на модата кои сакаат да најдат квалитетни парчиња по одлични цени.
Што можете да очекувате?
- Овој настан е одлична можност да ја освежите вашата гардероба со внимателно селектирани парчиња од претходните колекции на вашите омилени брендови.
•Ексклузивни попусти: Најдобрите облека, обувки и модни додатоци сега се достапни по специјални аутлет цени од 90 до 1990 денари!
- Ограничено издание: Како и на секој Garage Sale, најпопуларните парчиња први исчезнуваат – затоа побрзајте!
- Уникатна локација: Уживајте во опуштена шопинг атмосфера во срцето на градот.
„Нашата цел е да им обезбедиме на нашите верни купувачи пристап до водечките брендови што ги сакаат, по цени што не можат да се игнорираат. Овој Garage Sale е вистински празник за сите модни ентузијасти. Ве очекуваме да ја започнеме модната авантура заедно! Дојдете навреме и пронајдете го вашето совршено парче. Се гледаме на шопинг“, велат од Fashion Group.
Fashion Group Garage Sale ќе биде отворен за сите посетители од 10 до 18 часот, од понеделник до сабота, а количините на парчињата се ограничени.



