Home Спорт Олимпијакос против Фиорентина во финалето на Конференциската лига

Олимпијакос против Фиорентина во финалето на Конференциската лига

0
Олимпијакос против Фиорентина во финалето на Конференциската лига


Фудбалерите на Олимпијакос и Фиорентина ќе играат во финалето на третото издание на Конференциската лига откако во полуфиналните натпревари беа подобри од Астон Вила и Клуб Бриж.

Фиорентина веќе го обезбеди своето второ последователно финале во Конференциската лига во средата, додека Олимпијакос го обезбеди своето прво европско финале во историјата по победата од 2:0 на домашен терен против Астон Вила. Олимпијакос славеше и во првиот меч, во Бирмингем беше 4:2.

Големото славје во Пиреја се случи веќе во 10. минута кога најдобриот домашен стрелец Ел Кааби погоди за 1:0. Иако фаворизираниот тим од Англија се обиде да ја надополни негативата од три гола по примениот гол во Пиреја, сепак не успеа да внесе никаква драма на овој реванш. Уште повеќе, Ел Кааби го затвори натпреварот со уште еден гол во 78. минута и го постави конечниот резултат 2:0.

Во средата пласман во второто последователно финале на Конференциската лига избори Фиорентина, која овојпат беше подобра од белгискиот Клуб Бриж. По победата од 3:2 на домашен терен, тосканскиот тим одигра нерешено 1:1 во Белгија, што беше доволно за пласман.

Минатата година Фиорентина во финалето загуби од Вест Хем, а овогодинешното финале ќе се одигра на 29. мај во Атина. Премиерното издание на ова натпреварување го освои Рома.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here