Oколу светот со Unimog

Секој има различна идеја за меден месец. Едни преферираат луксузни дестинации, а други – луди авантури. Џенифер и Петер Глас се од вториот тип на скоро венчани, односно веќе една година прават обиколка околу светот со својот Unimog.

Авантурата на младоженците започна во април 2013 година од Источна Европа. Трасата им продолжи преку Турција, карпестите терени на Анадолија, песочните дини на Иран и Персија, по што претстоеше пат низ на Непал, Тибет, Кина и Монголија. Двојката го обиколува светот со една од докажаните изведби за слични патувања – Mercedes-Benz Unimog 1300 L. Германскиот офроудер има сè што е потребно за целта – спална соба, кујна и санитарен јазол, а складира енергија, преку гориво и соларни панели. Машината собира 540 литри дизел гориво и 180 литри свежа вода, па вкупната тежина достигнува и до околу 7 тони. Достапни се блокади на диференцијалот, како и модерен систем за пренос што го чини патување низ било какви терени – задоволство.

Џенифер (36) и Петер (41) го нарекле својот автомобил Glaarkshouse, што претставува комбинација од презимињата – Глас и Паркс и англискиот збор за куќа – “house”.

„За некои тоа може да е само камион, но за нас е дом“, велат авантуристите.

- Реклама -