Ограничувањето на цените ќе го ограничи профитот на Русија, а дали нема да поскапи гасот за потрошувачите – „ќе видиме“, вели Блинкен

Минстер, 4 ноември 2022 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека ограничувањето на цените на енергенсите ќе помогне да се ограничи профитот на Русија од продажбата на енергенси.

„Русија ќе донесе одлуки какви што носи, но мислам дека ќе има интерес да продолжи да продава енергенси“, изјави Блинкен по дводневниот состанок на Г7 во западниот германски град Минстер.

Според него, тоа е добар механизам да се обезбеди на пазарот да има енергенси, но и дека профитот на Русија има горна граница.

На прашањето дали може да ги увери потрошувачите дека овој механизам нема да доведе до поскапување на гасот, Блинкен рече дека ќе се види како ќе се одвива сето тоа.

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија
- Реклама -